TROCAL 88 Centre Seal AluClip AddON
More insulation, more design.

TROCAL 88 AddOn е иновативниот комплексен систем на иднината. Опремен со совршена композитна заштита, овој систем за прозорци може да се комбинира со успешно воспоставениот систем AluClip. Благодарение на комбинацијата од ПВЦ и Алуминиум, TROCAL 88 AddOn не се карактеризира само со оптимални технички вредности, туку и со убедливо модерен изглед.
Благодарение на дополнителното стакло, добивате беспрекорна заштита. Сместен помеѓу две стакла, системот на венецијанер ролетни е заштитник од сите временски услови и му дава на вашиот дом пријатно чувство. Со ролетните може лесно да се ракува рачно или со електричен мотор. Предностите на дополнителното стакло стануваат јасни во подобрените вредности на звучна и топлинска изолација.
Заштедете значителен дел од трошоците за греење и намалете ги Емисиите на CO2. Енергетската ефикасност и визуелната елеганција никогаш не биле толку лесни благодарение на TROCAL 88 AddOn – Повеќе изолација, повеќе дизајн. овој систем ви ги дава предностите на ПВЦ-то и Алуминиум во едно. Опремени со дополнително сложено окно на појасот, овие модерни профили обезбедуваат дополнителен поттик за топлинска и звучна изолација.
Алуминиумот ви нуди елеганција, отпорност на надворешни влијанија и многу бои. Можете да изберете од практично неограничен опсег на RAL бои за вашиот алуминиумски капак. Дополнителни методи се премачкување во прав, анодизирање и NCS. Со својот екстремно квалитетен алуминиумски капак, овој ПВЦ прозорски систем е идеален за визуелно привлечни фасади со огромни застаклени површини. Барањата од утре се исполнети денес. Модуларниот дизајн и технологиите за надградба на TROCAL ви даваат одврзани раце да го дизајнирате вашиот дом како што сакате.
Нашиот принцип на GreenLine означува стабилизатори без олово и интелегентна технологија за рециклирање.
-
Систем со 88мм дебелина и 3 дихтунг гуми
-
Внатрешнина со 7-комори
-
Дихтунг гуми со "EPDM" систем
-
Оптимизирани венецијанер ролетни во самата структура на стаклото
-
Интелегентен дизајн со подобра структура
-
Пренес на топлина вредност : Uf до 1,0 W/(m²K)
-
Mаксимална дебелина на стакло до 58мм
-
Достапен во класична бела боја. Може да биде фолиран со палетата на бои на TROCAL DecoStyle. Може да биде и со металик бои.
-
Алуминиумската рамка доаѓа во класична бела боја или секаква боја по избор