top of page

ЈАНБОР-Компани - Зелена Технологија!

ЈАНБОР-Компани со своите производи ги исполнува сите услови на програмaта за Финансирање на Зелената Економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој. Програмата која во Западен Балкан обезбедува финансии за секторот за домување како и за бизниси кои обезбедуваат енергетска ефикасност и енергетски обновливи производи и услуги за домаќинствата е активна и успешна приказна. Вкупниот обем на кредитната линија во Западен Балкан, имено во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Северна Македонија, изнесува 85 милиони Евра.

GEFF во Западен Балкан се спроведува во рамките на Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан (REEP Plus), и е поддржан од грант средства од Европската Унија, Инвестиционата Рамка на Западен Балкан и

Австриското Сојузно Министерство за Финансии. Партнерството со донаторите е од суштинско значење за промовирање на зелените технологии и практики со високи перформанси. Донаторите обезбедуваат важна поддршка за GEFF проектите кои ги ублажуваат или ја зголемуваат отпорноста кон ефектите од климатските промени и други закани за животната околина.


25 views0 comments