
ВЛЕЗНИ ВРАТИ
Години низ историјата, влезната врата се сметала за симбол на благосостојба и статус. Дали тоа е се уште така, оставаме на вас самите да процените. Но сите ќе се сложиме дека влезната врата навистина го дава првиот впечаток на вашиот деловен простор или дом.
А кога станува збор за прв впечаток, за нас во ЈАНБОР влезната врата пред се треба да е симбол за сигурност и квалитет.
Но, честопати ставајќи го фокусот само на овие критериуми, изборот на моделот и дизајнот на влезните врати е значително ограничен.
Ние најдовме решение и за тоа.

Бидете уникатни!
Сами креирајте ја вашата влезна врата
Земјаќи ги предвид различните вкусови и избори на нашите клиенти, ние направивме можност секој од нашите клиенти самостојно да си ја создаде својата влезна врата, без да бидат квалитетот, функционалноста и безбедноста доведени во прашање.
Преку ваша скица или едноставна фотографија симната од интернет, ние ќе ја креираме вашата влезна врата баш онака како што самите си ја замислувате: во боја и форма какви што ги посакувате.
Остави печат! Не се ограничувај! Создади ја својата влезна врата сам.
Профили
Изборот на профил е од витално значење за изработка на вашата влезна врата.
Длабоко прочешлајте во карактеристиките на профилите за вашите потреби.
*За изработка на идеална влезна врата не секогаш е потребно масивен и тежок профил.
Побарајте наш совет
Доколку немате можност и време сами да ја креирате вашата врата, или сметате дека немате доволно познавање што е она што ви е вам најпотребно, нашиот тим, со преку 25 години искуство зад себе, со задоволство ќе ви излезе во пресрет и ќе ви помогне да ја изберете најдобрата влезна врата за вас.








