
ЗА НАС
Основана во 1996 година, ЈАНБОР-Компани е лидер на пазарот за производство и
монтажа на PVC и Алуминиумска столарија. Со искуство од 25 години, ЈАНБОР важи за
докажан бренд позади кој стојат илјадници произведени и монтирани врати и прозорци, и
илјадници задоволни клиенти од земјава и регионот.
Водени од визијата секогаш да сме во чекор со современите и модерни трендови од оваа
област, постојано инвестираме во најмодерна и современа технологија со цел да
излеземе во пресрет на сите вкусови и преференци на нашите клиенти.
И додека за вкусови и избори не дебатираме, и целосно се прилагодуваме на потребите и
желбите на нашите клиенти, наша константа од почетоците до сега остануваат да бидат
квалитетот, навременоста, прецизноста и сигурноста.
За побезбеден, попаментен дом или деловен простор, вашиот најсигурен партнер е
ЈАНБОР-Компани Кавадарци.


30
Тим на вработени
Компанијата е составена од тим на вработени од 30 луѓе со 25годишно искуство.

20.000+
Задоволни клиенти
Соработката со сите овие клиенти објаснува за каков сериозен партнер станува збор.

300+
Клучни проекти
Оваа бројка ja претставува долгорочноста на партнерствата на компанијата.
ВИЗИЈА
Нашата визија за модерно работење е насликана во изборот на квалитетен и стручен кадар, користење на стекнато искуство, употреба на современа опрема и трансформирана во најновите технологии со една цел за квалитет и ефикасен одговор на сите желби од нашите клиенти. Следење на најновите трендови на пазарот во нашата секција и проширување на пазарот надвор од границите на Македонија. Партнерството со едни од најголемите компании и претрпијатија во нашата земја и надвор од неа е докажано за нашата коректна работа.
МИСИЈА
Нашата мисија е да изградиме силни врски со нашите клиенти и партнери. Зголемувањето на бројот на работници е како приоритет во нашата компанија, како што е модернизација на извршувањето на нашите должности кон нашите клиенти. Со таквата наша мисија зедовме за обврска и пристапот до нашите клиенти да биде полесен и професионален. Нашата цел е посветеност на работата а како резултат на тоа да нашите клиенти и нивните желби станат реалност.
Брзата услуга, квалитетното и ефикасно работење без доцнење е исто така со преоритетна обрска заради динамичниот начин на живот.
Долгогодишни клиенти













КОШАРКАРСКИ КЛУБ ЈАНБОР-КАВАДАРЦИ
Од самото постоење нашата компанија секогаш била со добар глас како општествена одговорна компанија. Секогаш се трудиме максимално да придонесеме за општеството околу нас.
ЈАНБОР-Компани како општествена одговорна компанија директно е вклучена во градскиот спорт во Кавадарци. Компанијата е главен спонзор на некогашниот женски кошаркашки клуб од кавадарци "ЖКК - Тиквеш" сега преименуван во ново лого и нов назив како "ЖКК - ЈАНБОР Кавадарци".
Клубот учествува во натпреварувањата од Првата македонска женска лига при КФСМ. Младински и кадетски натпреварувања и тоа М16 и М18год и сениорското натпреварување ПЖКМЛ.
Спортскиот клуб со гордост може да се пофали на своите играчи репрезентативки кои го претставуваат градот и државата на светко ниво. Со помош на стручниот тренерски одбор и раководството на клубот, дел од играчите веќе се дел од репрезетацијата на Р.Македонија и тоа во неколку групи.